Македонија

(Видео) Траорно сведоштво за тинејџер-пациент со рак кој починал; Се повеќе деца со рак на мозок и коски

Се повеќе деца со карцином. Потресни приказни доаѓаат од Онкологија. Го емитувавме првиот дел од „Крик за живот“, каде докторите и пациентите зборуваа за тешкотијата на болеста, која резултира и со смрт.

„За жал на овој оддел, има поголем број на деца. Овде се зрачат деца со карцином на мозок и коски. Последно што се сеќавам, последното дете беше шест години имаше кацином на мозок. Имаме доста пациенти, но и родители на пациенти кои не ја прифаќаат тежината на болеста“, рече доктор-онколог Маја Иванова.

Таа раскажа и како млад пациент кој ја губел битката и бил свесен за тоа, утеха нашол во религијата.

„Млад пациент, 15-16 години, со коскен карцином, метастатска фаза на болест, дадовме еден, втор циклус на хемотерапија, зречевме, ама не одеше. Со пациентот се приврзуваме, едноставно гледаш да дадеш и друга смисла на целата битка. Пациентот е свесен дека ја губи битката, прашува: ‘Што понатаму?’… Ја загуби битката, но во Библијата пишува: ‘Кој верува во Господ Исус Христос и да умре ќе живее’, па тоа му беше надеж на детето, му влеа надеж, па така си замина мирно“, рече доктор-онколог Маја Иванова.

Што сѐ се среќава на Онкологија, погледнете во репортажата каде зборуваат и пациенти:

На почеток