Македонија

(Видео) „Имам другарки кои јас лично сум ги лекувала, и што го изгубиле животот“ – потресни сведоштва од Онкологија

Онкологија значи борба за живот. Често наши блиски завршуваат тука на лекување. Д-р Марина е дел од персоналот. Од прва рака раскажа што затекнува, но и што се случува.

„Имам другарки кои јас лично сум ги лекувала, и што го изгубиле животот. И тоа е многу тешко, бидејќи ти даваш хемотерапија, а таа не делува. Едноставно не делува кај сите луѓе исто. Ти не знаеш што да направиш, што да дадеш. Се случува и по ноќи да не спиеме – буквално. Не спиеш, мислиш на пациентот, чекаш да дојде 8 часот за да се јавиш кај колегата кој е дежурен да видиш дали преноќил пациентот, дали е жива“, вели доктор Марина Вукашиковиќ која работи на Одделот за рак на дојка.

Потресен „Претрес“, цел Ви е достапен на јутуб-каналот prvatvmk:

На почеток