Македонија

Оваа СДС е истата партија од претходно, која молчеше и уште збор не кажува и не се извинува за криминалите на Артан Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС е безгласна буква. СДС на чело со Венко Филипче дословно и без да гукне ги извршува политиките на неговите претходници, Зоран Заев и Димитар Ковачевски слугувајќи на ДУИ и Артан Груби“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Филипче никако не може да излезе од нивната сенка и нема храброст да се извини за криминалните коалиции, за кои сеуште се држи, и за криминалот на Груби кој месец дена ја тресе македонската јавност.

Венко Филипче не смогна сили да се извини ни зошто МВР, на чело со Оливер Спасовски во владата на СДС, со години не преземала ништо за да ги спречи неговите криминални дела.

Не само што не го спречиле криминалот на Груби, МВР на чело со Спасовски не покрена ниту постапка за негово кривично гонење и соочување со лицето на правдата.

Венко Филипче и ова раководство на СДС, составено од третиот и четвртиот ешалон од времето на владеењето на Заев, уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со неговите претходници.

Во СДС ништо се нема сменето. Таму се е исто, дури и Зоран Заев го има, и ова СДС е континуитет на правените седум годишни криминали и препознатлива по измеќарството кон ДУИ.

Седумгодишните криминали, предавството на националните интереси и слугувањето на претходните раководства кон ДУИ и Артан Груби, се едни од главните причините кои СДС го доведоа до историски најголемиот изборен пораз.

И ако Филипче не собере сили да се извини прво за Артан Груби, а потоа за се останато, со сигурност СДС ќе го бетонира на дното на македонската политичка сцена.

На почеток