Македонија

Нема биолошка терапија за болните од рак

Повторно страв и несигурност кај болните од рак.
Пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје се соочуваат со недостиг на многу важната биолошка терапија.

Според кажувања од пациенти, во моментов недостасуваат лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Со ова се доведуваат во животозагрижувачка состојба. Но, постои опасност набргу да нема и ,,trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.

„Клиниката не може да одговори на растечкиот број пациенти со метастатски канцери, што доведе до овој недостиг. Дополнително, продолжувањето на животниот век на пациентите значи дека тие подолго време имаат потреба од терапија. Иако минатата година беа одобрени дополнителни средства, тие очигледно не беа доволни”, изјави за МИА, Ана Марјановиќ, пациентка и претставник на здружението „Хема-онко“.

Скопје1 влезе на Онкологија и ги регистрираше состојбите на оваа клиника. Приказни кои болат, недостаток на медицински персонал и лекови.

На почеток