Македонија

Онкологија: Минатото раководство несоодветно го испланирало буџетот, работиме на надминување на недостатокот од биолошка терапија

По алармот и стравот од пациентите за недостаток од биолошка терапија, се огласија од за радиотерапија и онкологија. Тие велат дека моменталниот недостаток од биолошка терапија е резултат на административни процедури од претходното раководство, но дека се преземаат сите неопходни мерки за надминување на овој проблем.

Во соопштението наведуваат дека се преземаат мерки за подобрување на планирањето на набавките и олеснување на тендерските постапки во соработка со Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство.

Во периодот до надминување на проблемот, на пациентите им ја даваат терапијата која е моментално достапна во клиниката.

„Целта ни е да обезбедиме навремено и континуирано снабдување со терапија за нашите пациенти, и уверени сме дека актуелниот недостаток ќе биде надминат во најкус можен рок,“ стои во соопштението.

На почеток