Актуелно

Михајловиќ: Пресудата од три години затвор е несериозна

По изрекувањето на прсудата за возачот Јордан Ѓоргиев кој ја стори сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, во изјава за медиумите адвокатот на семејството на загинатата изјави дека затворската казна од три години е несериозна.

„На 20. вечерта трепкаше жолто светло, судот денеска дозволи да свети зелено и да помине неказнето. Три години затвор е несериозна. Ќе имаме жалба на пресудата. Имаме ситуација кога се е чисто, кога без разлика на признавањето на вина делото како што е. Пресудата е скоро ослободителна” рече Владимир Михајловиќ, адвокат на семејстовто на загинатата.

“Обвинетиот е казнет со казна од три години. Ќе поднесеме барање до ОЈО за задолжителна жалба. Донесена е многу ниска пресуда. Покрај тоа што побаравме пресуда која ќе биде апел кој ќе оддекне во јавноста. Сметаме дека обвинетиот ја смета предудата за ослободителна, изјави Билјана Андонова, адвокат на Леонид Даов

На почеток