Актуелно

Нокиа се повлекува од Русија

Нокиа, производител на телекомуникациска опрема, се повлекува од рускиот пазар. Ова за Ројтерс го потврди шефот на менаџментот на Нокиа, Пека Лундмарк. Одлуката ќе влијае на околу 2.000 работници, рече тој.

„Гардијан“ вели дека телекомуникацискиот сектор бил изземен од дел од санкциите поради хуманитарни причини, но Нокиа рече дека заминувањето од Русија „е единствената опција“.

„Ние едноставно не видовме можност да продолжиме да работиме во Русија под сегашните околности“, рече Лундмарк.

Тој рече дека не знае колку долго ќе трае повлекувањето на Нокиа од Русија.

To Top