Свет

Денеска нема хуманитарни коридори: „Русите блокираат автобуси со цивили“

Ирина Верешчук, вицепремиер на Украина, изјави денеска дека не е можно да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на цивили од опколените градови.

Верешук рече дека се работи на повторно воспоставување на коридорот. Во пораката на Телеграм, таа ги обвини руските сили за прекршување на примирјето и блокирање на автобуси кои евакуираат цивили.

Да потсетиме, градоначалникот на Мариупол, неодамна изјави дека уште 100.000 цивили чекаат евакуација.

На почеток