Свет

Москва: Украина подготвува провокација со монтирани снимки во градот Ирпен

Украина подготвува провокација со монтирани снимки во градот Ирпен на периферијата на Киев за да ја обвини Русија за тоа, велат во Москва.

Шефот на Националниот центар за управување со одбраната на Русија, генерал-полковник Михаил Мизинцев, тврди дека „властите во Киев, под покровителство на земјите од колективниот Запад предводени од САД, продолжуваат да собираат псевдо-докази за вината на Русија. ”

Со таа цел, како што рече, во Ирпен се воведува полициски час и целосна блокада на градот од 6 часот на 12 април до 9 часот на 15 април.

Мизинчев додаде дека во тој период ќе им биде дозволен влез само на претставници на безбедносните структури и наводни доброволци, пренесува Спутник.

Според него, со сигурност е утврдено дека „Киев ќе го искористи тоа време за да изврши провокација и да организира цинично исценирана снимка и дополнително ширење на лажни вести во западните медиуми“.

Мизинчев нагласи дека Министерството за одбрана на Русија однапред го предупредува „таканаречениот цивилизиран Запад“ за тие акции на Украина.

Тој оцени дека „киевскиот режим уште еднаш ја покажува својата вистинска криминална природа, како и целосното непочитување на сите норми на меѓународното хуманитарно право“.

На почеток