Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за нивелирање на коефициентот на сложеност во образованието со минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за нивелирање на коефициентот на сложеност во образованието со минималната плата, СДСМ да го поддржи предлогот, вели опозицијата

„Со нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места во образованието со минималната плата, ќе дојде и до општ пораст на платите во образованието.

Ги повикуваме пратениците на СДСМ, ДУИ и другите партии од власта да го поддржат овој предлог, кој ќе биде доставен до собранието, како и сите опозициски партии.

Предлогот е во согласност со буџетот на државата, и тој може да се изреализира доколку од власта намалат со непродуктивните трошења, договорите во четири очи и матните тендери.

Наставниците заслужуваат поголеми примања, и нивните барања се издржани. Власта наместо да им се заканува и да се обидува да ги попречува во штрајкот, да го прифати предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде поднесен во Собранието, а со кој ќе се решат проблемите на просветните работници“, се вели во соопштението.

На почеток