Скопје

Долно Лисиче добива ново кошаркарско игралиште

Долно Лисиче добива модерно кошаркарско игралиште

„Започнаа градежните активности за реконструкција и проширување на кошаркарското игралиште во Долно Лисиче. Општина Аеродром во соработка со УСАИД и општествено одговорна компанија обезбеди инвестиција вредна над 600.000 денари.

Станува збор за проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Се поставува нов асфалт и се проширува игралиштето со што ќе добие целосно нов лик.

Со ова, Долно Лисиче добива современ простор за спорт и рекреација.

Ова е еден од многуте проекти кои ги планираме за ова населено место како дел од нашата општина“, вели градоначалникот Тимчо Муцунски

На почеток