Актуелно

(ВИДЕО) Објавена нова снимка од ноќта кога исчезна Матеј Периш

Матеј Периш (28) од Сплит исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград, кога ги остави своите пријатели во клубот „Готик“.

Случајот го потресе целиот регион и оттогаш не престанува да ја интригира јавноста. Полицијата набрзо го реконструирала неговото движење, а она што најмногу привлекува внимание е тоа што Матеј трча на сите снимки и што од моментот кога ќе помине покрај ресторанот Саванова се движи кон реката и му се губи секоја трага.

Речиси четири месеци по исчезнувањето на Матеј, таа вечер се појавија досега невидени снимки кога исчезна сплиќанецот.

Имено, камерата во близина на Бетонската сала снимила одреден „предмет“ кој плови. Некои шпекулираат дека тоа би можело да биде Матеј, други велат дека сепак станува збор за предмет. Видеото на моменти се зумира, трае 3 минути и 58 секунди и ги прикажува сите што се движеле по оваа рута на 31 декември помеѓу 02.09 и 02.13 часот.

– Утринава разговарав со полиција, како и секој ден, нема информација што е важна за каква било промена во начинот на составување на мозаикот. Матеј се уште не е пронајден. Попатно веќе се уверив дека српската полиција навистина сака да го реши овој случај. Сакаат професионално да го решат, во Србија исчезна човек кој не е пронајден, што за нив е професионален предизвик – изјави за хрватските медиуми неговиот татко Ненад Периш.

Таткото на Матеј неодамна се врати во Сплит за да го издржува семејството. Тој секојдневно комуницира со српската полиција.

Откако дошол во Сплит, во Дунав се пронајдени неколку тела, веднаш бил информиран за се.

– Мене исклучиво ме интересира каде е Матеј, до тоа сакам да стигнам, само вистината може да ме доведе до тоа. Само ми е важно да ја знам причината зошто Матеј замина и да го најдам, жив или што и да е. Реалноста е реалност, треба да прифатиме што и да се случи – рече Ненад Периш.

Тој ги замоли сите кои нешто знаат да ги достават информациите до Министерството за внатрешни работи на Хрватска или Србија.

На почеток