Америка за прв пат испраќа тешко оружје во Украина


За прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина, САД испраќаат пософистицирано и потешко оружје во Киев.
До пред неколку недели, некои функционери на администрацијата на Џозеф Бајден сметаа дека таквото оружје е преголем ризик за ескалација на конфликтот, јавува Си-Ен-Ен.
Списокот на безбедносна помош во вредност од 800 милиони долари се водел не само од директните барања од Украина, туку и од подготовките за нов тип на борба на отворените рамнини на југоисточна Украина, веднаш до Русија, на терен што ја претставува природната воена предност на Москва, според американската телевизија.
Администрацијата на Бајден рече дека новиот пакет оружје за Украина вклучува 11 хеликоптери Ми-17 првично наменети за Авганистан, 18 хаубицерски топови од 155 милиметри, други 300 дронови Switchblade и радарски системи што претставува софистицирано и потешко оружје од претходните пратки, пренесува CNN.
