Русија со санкции за 398 членови на Претставничкиот дом на САД и 87 канадски сенатори
Од
Објавено на
Русија воведува реципрочни санкции за 398 членови на Претставничкиот дом на САД и 87 канадски сенатори.
Како што пренесе агенцијата Интерфакс, цитирајќи го руското Министерство за надворешни работи, тој потег уследил откако Вашингтон минатиот месец објави санкции против 328 членови на руската Дума.
Интерфакс додава дека Русија планира наскоро да објави дополнителни санкции како одговор на американските санкции.