Скопје

Левица: Пожарот кај Треска „случајност“ или не

Сведоци сме во последниве години, особено во Општина Центар како најатрактувна општина дека секогаш кога има спорна локација, околу која се кршат копја, се распишуваат конкурси, дебатира и стручна и лаичка јавност околу реални потреби на населбите, дали во центарот на градот треба уште една станбена населба или парк, кон каков начин на урбано планирање треба да се стремиме, истата ,,случајно” пламнува во оган, вели Левица

„Да постетиме дека пред 5 години на речиси идентичен начин, на исто така спорна локација, изгореа бараките на поранешниот Завод за урбанизам, а изгледа со нив и она малку што остана од сенсот за урбано планирање во Скопје.

Истрага секако ќе има, но дали ќе се најдат виновниците и ,,нарачателите” за пожарот? Дали цел на овој пожар беше со него да изгорат и 60 годишните стебла кои овозможуваа речиси готова парковска површина со отстранување на бараките? Дали ќе се земат во предвид конкурсните решенија, или сега наеднаш во Општина Центар ќе има наезда за нови одобренија за градење?

Дали „урбаните шамани“ со своите натприродни моќи ќе створат нова населба по терк на инвеститорите, а на штета на Скопје и Центар“, се вели во сооопштението.

На почеток