Македонија

Левица поднесе барање за инспекциски надзор за модната конфекција „Стоби“ од Велес

Модната конфекција „СТОБИ” од Велес повторно го злоупотребува Законот за работни односи и ги крши правата на работниците. Во Левица се обратија работници, вработени во оваа конфекција, изложувајќи ги своите проблеми и барајќи помош за нивно решавање. Согласно нивните кажувања, во оваа конфекција на работа доаѓале работници кои што веќе се пензионирани, како и работници кои што биле прогласени за технолошки вишок и земале отпремнина од фирмата. Исто така, регресот за годишен одмор, т.н. К-15 им бил исплатен на работниците, но следниот ден биле принудени да ги вратат на сопственикот на конфекцијата. Дополнително, и платата
им била исплаќана со задоцнување, се вели во соопштението.

„Потсетуваме дека во оваа конфекција во континуитет постојат малверзации во работењето, во однос на работничките права. Пред неколку години, Трудовата инспекција констатираше злоупотреби во работењето на Конфекцијата, но, изречените мерки не вродија со плод, затоа што незаконското работење продолжи и понатаму.

Со цел да се заштитат правата на работниците во оваа конфекција, Левица поднесе Барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за труд. Законската регулатива во однос на заштитата на правата на работниците е минимална и затоа е потребно системско решавање на оваа сфера. Лошите законски решенија, кои ги штитат само газдите, се резултат на децениските политики на естаблишментот, кој се става во служба само на интересот на капиталот.

Дека правата на работниците системски се уништуваат, говори и тоа што пратениците од коалицијата на СДСМ и ДУИ гласаа против предлозите на Левица, за унапредување на правата на работниците – со што власта ја легализира експлоатацијата на трудот на работникот и го става на маргините на општеството“, се вели во соопштението.

На почеток