Свет

Израелски воздушни напади во близина на сирискиот главен град Дамаск

Сириската државна телевизија објави дека израелските воздушни напади во четвртокот погодиле неколку локации во рурална област западно од главниот град Дамаск.

Сириската државна новинска агенција САНА, повикувајќи се на воен извор, јави дека сириската противвоздушна одбрана соборила „некои од испуканите проектили“.

Беше кажано дека од нападите е причинета само материјална штета, но повеќе од тоа не беше прецизирано.

Израел врши чести напади на, како што ги опиша, ирански цели во Сирија, каде што силите поддржани од Техеран, вклучително и либанскиот Хезболах, беа распоредени во текот на изминатата деценија за да го поддржат претседателот Башар ал Асад во сириската војна.

Провладиниот командант на сојузниците негираше за Ројтерс дека нападите во четвртокот ги погодиле нивните позиции надвор од Дамаск.

Израелската влада не коментираше.

Во март државните медиуми објавија дека двајца цивили биле убиени во израелски напад врз сириската престолнина Дамаск и дека настанала материјална штета.

На почеток