Повеќе од половина милијарда луѓе се заразени со Ковид од почетокот на пандемијата, 6,2 милиони починаа

Од
Објавено на

Светската здравствена организација соопшти дека од почетокот на пандемијата, бројот на заболени од Ковид надмина 500 милиони, а бројот на починати е речиси 6,2 милиони.
Според СЗО, до синоќа се регистрирани 500.186.525 случаи, како и 6.190.349 смртни случаи ширум светот, пренесе ТАСС.
Во претходниот ден бројот на новозаболени бил 948.865, а починале 4.175.
Статистиката на СЗО се базира на официјални податоци од земјите.
Најмногу случаи се регистрирани во САД – близу 80 милиони, потоа 43 милиони во Индија, 30 во Бразил, 26,5 милиони во Франција и 23,1 милиони во Германија.
