Регистрирани нови 57 случаи на Ковид: Четири лица починале
Во периодот од 9 до 15 септември во земјава се регистрирани 57 нови случаи на Ковид.
Четири лица починале како последица од вирусот, две во Скопје и по еден во Битола и во Тетово, сите биле над 70-годишна возраст и невакцинирани. Тројца починале во болнички услови, а кај три лица биле регистрирани коморбидитети, се посочува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од осум градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=39; 68,4 отсто), a највисока инциденца е регистрирана во Делчево (14,7/100.000).
Најголем број на пријавени заболени лица се на воозраст над 60 години.