Македонија

Ковид-19 засилено се шири, донација од 11 илјади дози вакцини за Македонија

Кога помисливме дека заразната болест Ковид-19 е минато, таа почна засилено да се шири.

Во последните две недели во Македонија имаше околу 500 случаи на ковид-19 потврдени со лабораториски тест, а три лица починаа од заразата.Сепак огромен е бројот на граѓани кои не се тестираат и не се јавуваат на лекар.

Комисисијата за заразни болести препорача вакцинирање против ковид-19, особено на лицата постари од 65 години. Сепак вакцини се уште нема.

Ммнистерот за здравство најави донација од 11.000 вакцини.

,,Набргу доаѓа донација од 11.000 дози вакцини против ковид-19, се надевам да пристигнат во следните десет дена. Преку Европската комисија се водат набавките за сите држави во Европската Унија, а и Македонија е во тој пакет. Колку што имам информации, тоа е во финална фаза и набргу сите европски држави ќе бидат снабдени, па и Македонија, со вакцини птотив инфлуенца и ковид-19“, рече министерот Арбен Таравари.Ковид-19 засилено се шири, донација од 11 илјади дози вакцини за Македонија

На почеток