Македонија

Бугарскиот амбасадор дециден: Преговори не може да има за нешто што е договорено

На Бугарскиот амбасадор во земјавата Ангел Ангелов, мандатот му завршува во петок. Тој денеска јасно го изнесе ставот дека се надева Бугарија по изборите на 27 октомври да добие нова Влада. Најави дека потоа ќе може да се почне интензивен дијалог меѓу двете земји.

Не преговори, вели Ангелов, затоа што преговори не може да има за нешто што е договорено и мора да почне да се исполнува.

,, Мене во петок ми завршува мандатот. Ние сега имаме избори. Изборите ќе бидат на 27 октомври и се надеваме дека ќе добиеме Влада со која што ќе можеме да влеземе во интензивен дијалог. Се разбира не преговори, затоа што преговори не може да има за нешто кое е договорено. Тоа што е договорено мора да почне и да се исполнува. Ние географијата нема да ја менуваме и ќе останеме соседи. Ние треба да имаме интензивна комуникацијата, вклучувајќи ја и историската мисија”, изјави Ангелов.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски најави дека наскоро ќе има промена во кадровскиот состав на мешовитата македонско – бугарска комисија за историски прашања. Мицкоски смета дека актуелната комисија не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ.

На почеток