Македонија

Состојбата на 14-те жртви од Кочани, примени во болниците во Бугарија и понатаму е тешка

14-те настрадани од Кочани, кои се хоспитализирани во Бугарија, остануваат во тешка состојба со повеќе изгореници и вдишени врели гасови, кои им нанеле тешки телесни повреди.

Министерот за здравство на Северна Македонија Арбен Таравари денеска пристигнува таму за да се сретне со настраданите.

Од „Пирогов“, каде што се лекуваат 8 од повредените, велат дека на луѓето ќе им биде потребна трансфузија на крв. Болницата заедно со бугарскиот Црвен крст и Националниот центар за трансфузиона хематологија започна крводарителска акција.

До крајот на неделата, на паркингот на болницата Пирогов во главниот град ќе има шатор на бугарскиот Црвен крст, каде медицинските лица и волонтерите ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените млади.

На почеток