Македонија

Мицкоски: Пајазит е омилениот судија на ДУИ и СДС, тој е причината за бегството на Рамадани

Во интервјуто за емисијата „За или Против“ на Алфа ТВ, премиерот Мицкоски се осврна и на обвинувањата кои опозициската СДСМ ги упати кон него и кон владината коалицијата за некаков договор во врска со случајот со бегството на косовскиот граѓанин баран со потерница, Блерим Рамадани.

Премиерот Мицкоски ги одби ваквите квалификации и укажа на одговорност во судот.

„Судијата кој што одредува куќен притвор е истиот оној судија кој што го водеше случајот за тепачите во М-НАВ. Таму не учествуваа истакнати функционери од ВРЕДИ, ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од ЗНАМ. Таму лично учествуваше претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир. Тој истиот судија ги ослободи, тој истиот кој додели куќен притвор. Тој е омилениот судија на поранешната власт“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервјуто за Алфа ТВ и посочи дека обвинувањата од страна на СДСМ за овој случај се бесцелни и смешни.

Мицкоски дополни дека овој судија бил селектиран, избран, а потоа и унапреден во време на власта на СДСМ и ДУИ.

„На крајот на денот еве ја институцијата Судски Совет, еве ја институцијата Државен јавен обвинител нека влезат нека истражат“, повика премиерот Мицкоски.

На почеток