Македонија

Горело на 25 локации: два пожари се вон контрола

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден, 26.08.2024 година, имаше вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола се 2 и изгаснати се 21.

АКТИВНИ: 2

1. Општина Чашка: Планина Мукос, м.в.Котева Круша, атар на с.Оморани (изгаснат од дожд), додека активен е према с.Степанци и место викано Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени (мешана шума);

2. Општина Студеничани: над с.Црвена Вода, м.в.Крста ( ниска вегетација и нискостеблеста шума);

ПОД КОНТРОЛА: 2

1. Општина Кичево: с.Цер (гори веќе на изгорениот дел, нема опасност од проширување);

2. Општина Охрид: планина Галичица чадење на две места, место викано Зли Дол, Општина Охрид (4 НП, 6 планинарска служба) (тлеат трупци од претходниот пожар), пожарот на ресенска страна е изгаснат од дождот.

ИЗГАСНАТИ: 21

1. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с.Вирово (ниска вегетација и сува трева);

2. Општина Карпош 1: пат за Бардовци (ѓубре);

3. Општина Карпош 2: Момин поток (сува трева);

4. Општина Арачиново: с.Арачиново (ѓубре);

5. Општина Шуто Оризари: Депонија (ѓубре);

6. Општина Чучер Сандево: населба Голиово (сува трева);

7. Општина Илинден: с.Кадино (сува трева, дрва и бандера);

8. Општина Гостивар: населба Млаки (сува трева);

9. Општина Врапчиште: кај гробиштата во с.Врапчиште (ѓубриште);

10. Општина Брвеница: с.Радиовце (сува трева);

11. Општина Радовиш: над с.Подареш (шума);

12. Општина Македонски Брод: с.Грешница, кај резервоарите од селски водовод (мешана шума);

13. Општина Струга 1: с.Велешта (сува трева);

14. Општина Струга 2: с.Враништа (сува трева);

15. Општина Струга 3: с.Октиси према с.Долна Белица (сува трева);

16. Општина Кичево: населба Ивандол (стрниште);

17. Општина Ново Село: Депонија (ѓубре);

18. Општина Старо Нагоричане: с.Никуљане (ниска вегетација);

19. Општина Штип: с.Крупиште (ниска вегетација);

20. Општина Берово: м.в.Смојмировско Поле(ниска вегетација);

21.Општина Прилеп: с.Галичани, с.Беровци (ниска вегетација)

На почеток