Македонија

Четири пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше четири (4) пријавени пожари на отворено, покрај пожари во урбани средини и населени места, на територијата на државата.

Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола од 18.35 до 21.20 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Мусинци (Општина Могила).

Од ТППЕ Прилеп, во период од 18.58 до 19.40 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација кај ресторан „Романса“ (Општина Прилеп).

Регионалниот ЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица од 13:35 до 14:40 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Градско Балдовци, каде што била зафатена површина од околу 1 хектар (Општина Струмица).

Речиси истовремено, струмичките пожарникари во период од 13:20 до 18:40 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале и на запалена депонија во близина на с.Босилово (Општина Босилово).

На почеток