Македонија

Расте бројот на заболени од Ковид-19, најзагрозени лицата над 60 години

Расте бројот на заболени од Ковид-19, сепак портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА рече дека засега, состојбата со Ковид-19 не е алармантна кај нас и нема простор за паника кај граѓаните.

Тој посочи дека таму каде има зголемена фреквенција на луѓе, треба да се користат заштитни маски, како и често да се проветруваат просториите.

Во текот на минатата недела регистрирано е и едно починато лице. Од 12 до 18 август, регистрирани биле заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 152, Кавадарци – 25, Тетово – 23 и од Охрид – 22, според податоците на ИЈЗ. Највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најголем број случаи пријавени се во возрасната група над 60 години.

,, Нема зголемување на тешките респираторни инфекции што се следат редовно од Институтот за јавно здравје, не се зголемува бројот, нема пораст. Тоа ни укажува дека немаме тешки клинички форми на болеста, рече Мехмедовиќ, портпаролот на Комисијата за заразни болести.

На почеток