Приведени двајца разбојници од Тетово: Со огнено оружје им се заканувале на вработени во брза пошта
Од
Објавено на
Во 20.45 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(19) и Х.Ш.(22), двајцата од Тетово. Тие се сомничат дека околу 20.20 часот пред објект на приватна фирма – брза пошта во Тетово со закана со огнено оружје кон вработениот и уште едно лице, од возилото кое го товарале одзеле три коверти со пари и документи.
При приведувањето кај Х.Ш. бил пронајден и одземен нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.