Фрчкоски поднесе оставка, не дојде на разговор со Муцунски, но го нападна
Љубомир Фрчкоски поднесе оставка од местото Амбасадор и Постојан претставник во ОН во Њујорк.
Фрчкоски оставката ја поднел на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, за што го извести и МНР.
Фрчкоски не очекува дека на било каков начин тоа ке се одрази на функционирање во техничка смисла на Мисијата која и до сега работела само бирократско-технички.
,,Но има, за жал, шанса да се направи голема штета и срам за државата во една конкретна смисла и по повод еден конкретен случај.Имено, Македонија предложи проект во ООН кој беше прифатен прв пат во својата историја на членство кој се вика “Промоција на дијалог и медијација со цел превенција на геноцид и сличните злосторства (воени злосторства и злосторства против човештвото)“, изјави Фрчкоски за Либертас, додавајќи:
,,Министерот за надворешни нема поим за вака важна инцијатива на Македонија за која има патем куп известувања пратени од Мисијата, но за која воопшто не се интересира и не комуницира. Тој има поважна работа во надворешната политика – да се занимава со сметките на амбасадите и амбасадорите”.
Фрчкоски не дојде на разговор со министерот, иако беше повикан. Во тоа време извади боледување.