Припадник на ИСИС осуден за смртта на четворица Американци


Ел Шафи Елшеик, последниот член на ќелијата позната како „Битлси“ во рамките на Исламската држава, денеска беше осуден пред судот во американската држава Вирџинија.
Тој беше осуден за киднапирање и смрт на четворица Американци во периодот од 2012 до 2015 година, за што му се заканува доживотен затвор.
Елшеик е обвинет по осум точки, вклучително и четири обвиненија за заговор, поврзани со неговите активности под ИСИС и четири точки за земање заложници, што доведе до смрт на Американците Џејмс Фоли, Стивен Сотлоф, Кајл Милер и Питер Касига, објави Си-Ен-Ен.
За време на двонеделното судење, поранешниот заложник сведочеше за брутално претепување и мачење на лицата чии прекари беа „Џон“, „Џорџ“ и „Пол“, додека прекарот на Елшеик беше „Ринго“.
Неговата одбрана тврдеше дека тој бил „обичен борец на Исламската држава“ и дека по грешка бил идентификуван како член на озлогласената британска терористичка ќелија во рамките на ИСИС.
