Македонија

Разбиена терористичка ќелија во Македонија

Разбиена е уште една терористичка ќелија во државата.
Приведени се четири лица кои се организирале на социјалната мрежа Телеграм, формирале терористичка организација, ширеле пропаганден материјал на ИСИС и регрутирале нови членови.

„Намерата на членовите на терористичката ќелија била извршување на терористички акт на цивилни, или така наречени меки цели, односно јавни објекти на територија на Северна Македонија, со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните“, посочуваат од МВР.

Полицијата извршила претреси на дом и други простории на пет локации во Скопје и Гостивар. Пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети кои ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења.

„Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело терористичка организација, соопштија од Јавното обвинителство.

На осомничените им е определен притвор од 30 дена.

На почеток