(Видео) Еве како е на Онкологија: Стрес и трауми – пациентите се справуваат со хаос и канцер, персоналот со напади
Пациентка раскажа како сама морала да купува скапа биолошка терапија бидејќи немале залихи на Онкологија, ходниците на Клиниката преполни, персоналот разочаран се обидува да помогне на сите. Вака во една реченица може да се опише состојбата на Онкологија која ја затекна екипата на „Претрес со Ландов“. Пациентите гледаат вина кај државата што борбата со канцерот им ја прават уште потешка. Истовремено, персоналот посочува дека неколку сестри делат терапија на илјадници пациенти. Ако една отиде на одмор, а друга се разболи – функционирањето е уште полошо.
Најтешко им паѓа скандалот „Онкологија“, бидејќи нема се уште јавно-обвинителска одлука – има ли некој вина и за што. Себеси се гледаат како жигосани.
Онкологот Маја Иванова раскажа што се трпеле откако се обелодени скандалот „Онкологија“. Таа посочува дека трпела разни напади. Раскажа низ што све минувала со колегите.
„Тоа е стрес, една траума. Ние бевме експонирани на јавен медиумски линч. За жал ниту една институција тогаш не не заштити. Ние како 25 онколози кои работат на Онкологија бевме дадени на Твитер со име и презиме- ајде да одиме да ги тепаме”, вели за Претрес, д-р Маја Иванова.
Погледнете го вториот дел од „Крик за живот“ – репортажа од Онкологија која ќе ви ја прикаже реалната состојба.