Македонија

Изминатата недела пријавен еден случај на заболен со грип

Во текот на 14-та недела од 2022 година (04-10.04.2022), во Република Северна Македонија пријавен е 1 (I=0,05/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип,
намалување во споредба со минатата недела (n=2).

Во текот на 14-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигна 171 материјал за лабораториско тестирање на грип од кои 5 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, детектирани се 3 случаи на грип, 3 Influenza A/H3.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 14-та недела од минатата сезона (n=31) е намален за 96,8%, а во споредба со бројот за 14-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=197) се регистрира намалување од 99,5%.

Во однос на возрасната дистрибуција, лицето е на возраст од 15-64 години, пријавено од ЦЈЗ Куманово.

На почеток