Македонија

(Фото) Таравари се вакцинираше: Секој треба да се заштити од потешки форми и компликации од сезонскиот грип

Министерот за здравство, Арбен Таравари и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска денеска се вакциинираа против грип.

„Денеска имав можност да ја примам вакцината против сезонски грип во Институтот за јавно здравје, каде е пунктот за вакцинирање здравствени работници“, извести министерот.

„Оваа превентивна мерка за заштита на здравјето ја препорачувам и како министер и како здравствен работник, бидејќи сметам дека секој треба да се заштити од потешки форми и компликации од сезонскиот грип.

Вакцината против сезонски грип е бесплатна за ризичните групи население и упатувам апел за имунизација, особено за граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи, навреме да го заштитат своето здравје“, објасни Таравари.

На почеток