Таравари: Не сме добиле понуда од Вреди да се споиме во една партија, ако они одлучиме им го даваме името да го користат


Арбен Таравари, кој води дел од Алијансата на Албанците, вели дека не добил понуда од другите партии за да се спојат во еден политички субјект.
„Јас немам информација, последен пат кога сме зборувале за ваква тема е јули или август минатата година. Ми се допаѓа идејата дека се угласиле, супер е тоа. Нас ни се допаѓа таа идеја. Нека продолжат што побрзо да се спојат, ние како Алијанса на Албанците не сме добиле ваква понуда. Ние имаме пет пратеници, ако се договориме тука сме да разговараме за такви теми. Јас се радувам кога 2-3-4 партии се спојуваат“, рече Таравари.
Прашан дали преговарале со ДУИ, тој негираше.
„Ние досега не сме имаме понуда од Вреди да бидеме една партија, ако имаме тоа ќе го разгледаме. Но и ако одлучиле досега, ние името им го даваме нека се викаат Вреди“, додаде Таравари.
Според него, од Вреди добил ултиматум а не можност да разговараат. Тие му рекле дека тие четири партии одат во еден субјект, тој ако прифати ќе биде добро, ако не – ништо.
