Изет Меџити: Таравари гледа можност за соработка со ДУИ, треба да си ги расчисти дилемите, ама соработка со нив не е природна


Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој е претседател на партијата Демократско движење, која е дел од Вреди, рече дека само Арбен Таравари размислува за соработка со ДУИ, но не и останатите коалициони партнери.
„Односите се добри, комуницираме. Сите треба да имаат во предвид дека Вреди е коалиција која победи на минатите избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Работиме таа да се тера до крај и да го почувствуваат граѓаните. Вреди продолжува понатаму за сите сплотени политички субјекти да се претопат во Вреди како опција која ќе ги претставува Албанците на локалните избори. Сите ние немаме дилеми, единствениот кој има дилеми и кој гледа можност за соработка со ДУИ е господинот Таравари. Но мислам дека Вреди ги доби 107.000 гласови како контра-ДУИ. Таравари треба да си расчисти со дилемите. Ама Вреди и соработка со ДУИ – не е природно“, рече Изет Меџити.
Тој рече дека Вреди ќе има еден кандидат, еден штаб, една листа на претстојните избори.
