Кина: САД треба да ги прекинат сите официјални контакти со Тајван
САД треба да ги прекинат сите официјални контакти со Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.
Тој на брифингот посочи дека постапките на САД се во спротивност со принципот „една Кина“ и принципите на три заеднички кинеско-американски коминике.
Кинеската армија претходно објави дека извршила воени вежби околу Тајван, објави Ројтерс, повикувајќи се на кинеската државна телевизија.
Кинеската Народноослободителна армија ќе преземе решителни мерки за да спречи надворешно мешање околу Тајван и да ги спречи сите обиди за сепаратизам, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.
Група од шест американски конгресмени, меѓу кои и претседателот на Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Боб Менендез, пристигнаа вчера во дводневна посета на Тајван, пренесе Ројтерс.
Соединетите Американски Држави немаат формални односи со Тајван, кој Кина го смета за своја територија, но тој е нивниот најважен меѓународен спонзор и снабдувач на оружје, наведува британската агенција.