Пет бродови на НАТО пристигнаа во Балтичкото Море


Воените вежби во Балтичкото Море ги кренаа сите на нозе.
Бродовите на првата постојана поморска против-минска група на НАТО влегоа во Балтичкото Море и ќе учествуваат во вежби со соседните земји на Алијансата и партнерските земји, соопшти денеска прес-службата на Генералштабот на естонските одбранбени сили.
„Бродовите на првата постојана поморска анти-минска група на НАТО SNMG1 влегоа во Балтичкото Море. Групата се состои од пет бродови“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.
Некои од бродовите впловија во Балтичкото Море во четврток, а останатите бродови денеска ќе пристигнат во Талин.
Се нагласува дека примарна задача на групата е да демонстрира присуство на сојузници во регионот на Балтичкото Море и да спроведе заеднички вежби со естонската морнарица.
Според командантот на естонската морнарица Јуриј Саск, планирано е следната недела да почнат вежби со естонските маринци, а ќе се вежба и поставување и откривање мини.
