Свет

Виена ги релаксира мерките, го укинува „2G“ правилото и маските

Виена најави дека од утре ќе го укине правилото „2G“, како и маските.

Министерството одлучи да ги укине правилата „3G“, да ја продолжи важноста на зелениот пасош за една година за лицата кои примиле бустер доа против ковид и да ја ограничи обврската за носење маски во јавниот превоз, такси, болници, супермаркети, аптеки, продавачи на весници, банки, аптеки.

Виена, која отсекогаш применувала построги мерки од пропишаните од Министерството за здравство и Владата, сега делумно ги следи отстапките.

За разлика од „федералните“ мерки, Виена е построга кога станува збор за пристапот до болници, домови за стари лица, но и градинки, каде што надворешните лица мора да покажат негативен ПЦР тест за посета, а вработените мора да имаат или потврда за вакцинација или потврда за прележан Ковид19 или негативен ПЦР тест, покрај кој ќе се тестираат двапати неделно за ПЦР.

На почеток