Кремљ ја објави главната цел: „Ќе бидат уништени“
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека уништувањето на „националистичките баталјони“ е главната задача на воената операција во Украина.
„Најважно е да се ослободиме од тие националистички баталјони. Операцијата продолжува и задачите што се поставени се добро познати. Тие мора да се реализираат и ќе бидат. Нема сомнеж“, изјави Песков за новинарите, пренесува Комерсант.
„Што се однесува до местата каде националистичките баталјони прават такви работи, се водат жестоки битки. Тие ќе бидат уништени“, рече Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека целта е „да им се помогне на луѓето во Донбас“, како и целосна демилитаризација и денацификација на Украина, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека целта на руската операција во Украина е да се стави крај на хегемонијата и спречување на целосна доминација на САД во светот.
Претходно министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека најважна задача е да се ослободи Донбас.