Кина остро ја предупреди Америка: „Тие се директно одговорни“
Кина ги повика американските власти да престанат да се обидуваат да ги нарушат односите меѓу Русија и Кина поради украинската криза.
Кина исто така ги повика да престанат да зборуваат за ривалството меѓу Кина и САД, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.
Вашингтон продолжува да шири лажни информации поради кризната ситуација во Украина во обид да ја оцрни Кина. САД очигледно се обидуваат да создадат противречности и да ги користат за свои себични потреби“, рече Жао, пренесува ТАС С.
Според кинескиот дипломат, САД се „директно одговорни за непријателствата во Украина“.
Жао исто така додаде дека Кина никогаш не сакала да се позиционира како ривал на Америка, бидејќи „главната цел на националниот развој на Кина е да се обезбеди благосостојба на нејзините граѓани“.
„Ние не сме заинтересирани да предизвикуваме никого. САД многупати ја оцрнија Кина. Лагата е лага, сеедно“, рече тој.
Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, во четвртокот рече дека политичкото раководство на Кина е најголемиот предизвик за Соединетите држави во овој век, додава ТАС С.