(ВИДЕО) Ангелов: Има уште една нестабилна карпа на браната Матка
Денеска, петок (15 април) на пешачката патека горе кај ѕидот на браната Матка, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, одржa прес-конференција на која ја извести јавноста за постоење на уште една голема нестабилна карпа високо над ѕидот на браната Матка како и за досега преземените мерки и активности за надминување на опасноста од двете нестабилни карпи.
„Ова е првата карпа за која ЦУК ја информираше јавноста. Се работи за карпа тешка околу 20 тона што е во прилично нестабилна состојба и која што под одредени надворешни влијанија може да се лизне и да падне во насока на ѕидот на браната.
Траекторијата не може однапред да се предвиди. Оваа нестабилна карпа и втората е тоа што овие карпи можат да го загрозат одводниот канал и евентуално ѕидот на браната Матка“, вели Ангелов.
Истовремено информираше и за мерките кои ќе бидат преземени во следниот период.
Веднаш потоа се искачи до нестабилните карпи коишто се наоѓаат на висина од околу 100 метри над ѕидот на браната Матка за одблизу да ја погледа нивната моментална состојба.