Актуелно

„ДУИ-зираната полиција да престане со методите на УДБ против студентите“, вели Алијанса за Албанците

ДУИ-зираната полиција под итно да престане со методите на УДБ на заканување кон студентите коишто осудија тежок злочин во Универзитетот на Тетово каде што “професорката“ која на своја страна го има Али Ахмети и им се заканува и ги малтретира студентите, а исто така протестираа барајќи ги нивните права за образование и безбедност, вели Алијанса за Албанците.

„Обвиненијата за незаконско снимање и објавување кон студентите не важат, бидејќи снимањето е направено во јавна институција, а не во приватна куќа, а јавниот интерес е поважен од личниот.

По осудата од страна на студентите, полицијата треба да отиде во Кичево и да ја уапси таа што ги малтретираше студентите, а не студентите коишто имаа храброст да го пријават и осудат овој скандал.

Го потсетуваме Али Ахмети и ДУИ дека студентите се тие кои ја растурија/уништија Југославија и дериватите на тој систем не можат да ги задушуваат студентите и гласот на студентите.

Алијанса за Албанците внимателно и со посебно внимание ја следеше оваа ситуација подржувајќи ги студентите само морално во оваа битка. Но, денес кога ДУИ и целиот државен апарат се стави на служба и одбрана на професорката насилничка, ние се чувствуваме обврзани директно да застанеме во заштита и одбрана на студентите. Почнувајќи од вечер студентите ќе не имаат на нивна страна и покрај себе со сите наши можности што ќе ги имаме на располагање“, се вели во соопштението.

На почеток