Актуелно

Што правеше МВР 30 часа, и зошто за убиство кое се случило во центарот на Скопје, вели ВМРО-ДПМНЕ

На Спасовски му требаше ден ипол за да утврди убиство во центарот на Скопје, оставка веднаш, вели ВМРО-ДПМНЕ

„30 часа по убиството на Тот, Спасовски и МВР менуваа изјави и официјални соопштенија.

Од Полицијата првин тврдеа дека станува збор за обична несреќа, за потоа да се сомневаат во тепачка, за на крај да признаат дека станува збор за убиство.

Останува нејасно што правеше МВР 30 часа, и зошто за убиство кое се случило во центарот на Скопје им требаше толку време за да го утврдат? За што друго станува збор, освен за прикривање?

Целиот настан го виде светлото на денот заради брзата реакција на медиумите и жестоката реакција на јавноста.

Спасовски треба да си поднесе оставка веднаш, зошто да не беа медиумите и јавноста, убиството можеби уште ќе беше несреќа“, се вели во соопштението.

На почеток