Свет

Нови руски напади, оштетени гасоводите кон Лисичанск и Северен Доњецк

Најмалку двајца цивили загинаа, а четворица се ранети во руските напади низ Украина. Напади имало и во предградијата на Киев, соопштија денеска локалните власти.

Едно лице загина, а тројца се повредени во ракетниот напад на источниот регион Луганск, објави на Телеграм гувернерот на таа област Серхи Гајдаи.

Оштетени се гасоводите кон Лисичанск и Северен Доњецк, кои се без вода и гас, напиша Гајдај во соопштението и го повика населението на евакуација.

Евакуирајте се додека е сè уште можно“, напиша тој на Телеграм, додавајќи дека автобусите чекаат.

Едно лице е убиено, а друго е рането во село во близина на Полтава, главниот град на истоимениот централен регион, изјави гувернерот на таа област Дмитро Лунин во изјава на Телеграм.

Експлозиите се слушнале во саботата наутро во украинскиот главен град Киев на север и во западниот град Лавов, каде што засега нема информации за жртви.

Спасувачките и медицинските екипи работат од саботата рано наутро на местото на експлозијата во предградието на Киев, соопшти во онлајн соопштение градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

Експлозијата се случила во киевскиот кварт Дарнички, наведе Кличко во телеграм, додавајќи дека се проверуваат информациите за жртвите.

Русија ги негира обвинувањата дека напаѓа цивили во Украина од почетокот на инвазијата и ги нарекува западни и украински обвинувања за масовни гробници со тела на убиени цивили измислени.

На почеток