Кличко: Едно лице загина, а неколку се повредени во ракетен напад врз Киев
Од
Објавено на
Најмалку едно лице загина во ракетен напад врз Киев, објави градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.
Повеќе луѓе се повредени и пренесени во болница, каде лекарите се борат за нивните животи, рече Кличко. Градоначалникот на Киев изјави дека „од безбедносни причини“ нема да ја соопшти локацијата на нападот.
Да потсетиме, руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа со проектил ја погодиле фабриката за оклопни возила во Киев. Нападот дојде откако Русија вчера објави дека ќе ги засили нападите од долг дострел како одмазда за „саботажата“ и „тероризмот“ извршени од украинската војска.