Македонија

Мицкоски: Меѓународната заедница да реагира на заканите од страна на владата на СДСМ кон наставниците и негувателките

Тоа е пораката што преку активистите СДСМ и владата ја упатуваат до наставниците, професорите, негувателките и до воспитувачките, но и до СОНК и останатите синдикални организации тоа е пораката, еве во каква режимска држава ние живееме и со какви закани јавни активисти од власта им се закануваат на вработените во образованието и градинките, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за вандализирање на детската градинка во Ѓорче Петров.

Мицкоски ја повика меѓународната заедница, ОБСЕ и останатите кои што ги следат процесите во Македонија да реагираат на ваквите закани спрема просветните работници и вработените во детските градинки, посочувајќи дека овој начин на однесување од страна на активисти на владата на СДСМ е скандалозно

Тоа е скандалозно и ја повикувам меѓународната заедница, ОБСЕ и сите кои што ги следат процесите да реагираат, во спротивно ќе бидам разочаран и од нивното однесување, изјави претседателот Мицкоски.

На почеток