(ВИДЕО) И Каракачанов дојде на свеченото отворање на клубот „Иван Михајлов“ во Битола
Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во Битола, на отворањето на клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола.
Петков е во друштво на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова и пратеничката Екатерина Захариева.
На отварањето на клубот присуствуваше и Каракачанов.
Градот е под засилено полициско обезбедување поради посетата на високата делегација.
Во 16:30 часот, делегацијата ќе го посети и Охрид, а ќе има и прошетка околу стариот град. Утре делегацијата на Бугарија ќе положи венци пред споменикот за загинатите 15 бугарски туристи од бродот „Илинден“ во 2009 година.