Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во трговскиот центар „Блис“ во Битола


Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во трговскиот центар „Блис“ во Битола, чие отворање е закажано за 5 август.
Пожарот избувна вчера попладне, го зафати североисточниот дел од објектот, а противпожарната единица од Битола веднаш интервенирала.
Пожарот бил пријавен вчера околу 18 часот, и за нешто повеќе од 1 еден час бил ставен под контрола.
„Нема жртви, ниту повредени. Единствено, според првичниот увид, причинета е материјална штета која го опфаќа фасадниот панел на источната страна, кој благодарение на фактот што е со PIR исполна (огноотпорен) во комбинација со PIR (огноотпорни) кровни панели и дополнителна внатрешна изолација со камена волна и огноотпорни ѕидови од гипсени табли, се спречи проширување во внатрешноста на објектот и на околните фасади од објектот“, се вели во соопштението.
