Македонија

Изгаснат пожарот кој вчера избувна кај Дојран

Големиот пожар кој избувна вчера над Стар Дојран кај депонијата, кој зафати три куќи од синоќа од 19 часот е изгаснат.

Според градоначалникот на Дојран Анго Ангов, на неколку места сè уште тлеат остатоци од пожарот.

Во текот на ноќта дежурни екипи внимаваа да на дојде до повторно активирање.

Во гаснењето на пожарот учествуваа месното население, пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица, како и еден хеликоптер.

На почеток