„Кои се тие Македонци во Бугарија“, праша бугарската потпретседателка
Дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК од Битола го праша бугарскиот премиер Петков кога Бугарија ќе дозволи Македонците таму да отворат свој клуб и македонски премиер да дојде на неговото отворање? Петков избегна конкретен одговор на ова прашање и само кажа дека со вакви локални активности народот ќе се чуствува поблизок.
На истото прашањебугарската потпретседателка Илиана Јотова одговори со прашање „кои се тие Македонци во Бугарија“.
„Кои се тие Македонци во Бугарија, дајте ми пример. Јас многу одамна се занимавам со таа тема, бев и десет години во Европскиот парламент, никој досега од ваша страна не побарал такво нешто“, рече Јотова.